Потребно е да преминеме од декларативен кон вистински родово одговорен и интерсекциски пристап во локалните политики.
Тоа значи:
собирање и анализа на родово разделени податоци
зајакнување на институциите
вклучување на родовата перспектива во буџетите
конкретни мерки за жени и девојки во повеќекратни форми на ранливост
Целта е јасна – правичен и еднаков пристап до јавни услуги за сите граѓани во општина Гостивар.
Погледнете го краткото видео со клучните наоди од Родовата и интерсекциска анализа на политиките, програмите и услугите во областите, образование, здравство и социјална заштита во општина Гостивар.
Анализата е изработена во рамки на под-грант „Еднакви можности за сите: Локални политики со родова интеграција“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Содржината на анализата е исклучива одговорност на СОЦИО и авторот и под никакви околности не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.
▷Watch on Facebook: https://www.facebook.com/reel/26125067720447492

Напишете коментар