Услуги

Помошта и негата во домот претставуваат клучен елемент во системот на здравствена и социјална грижа, кој им овозможува на поединци, кои не можат целосно да се грижат за себе поради возраст, хронични болести, инвалидитет или други здравствени состојби. Оваа форма на грижа е значајна бидејќи ги почитува нивните права на автономија и достоинство, истовремено обезбедувајќи им неопходна поддршка во секојдневните активности. Корисници на услугата помош и нега во домот се лица со намален, значително намален и целосно отсутен функционален капацитет, кои не можат сами да се грижат за себе и живеат во сопствен дом.

Со услугата помош и нега во домот се обезбедува помош за остварување на основни и инструментални активности од секојдневниот живот на корисникот.

Помошта за остварување на основните активности од секојдневниот живот на корисникот вклучува:

  • помош при миење лице, раце и заби, миење коса, бањање, чешлање, бричење, сечење нокти и сл.;
  • помош при облекување и соблекување;
  • помош при вршење на физиолошки потреби, помош за да стигне до тоалет, да се исчисти по користењето или помош при користење лопатка во кревет или мобилен тоалет;
  • помош при движење во и околу домот;
  • помош при хранење и
  • помош при менување пелени и подлоги.

Помошта за остварување на инструменталните активности од секојдневниот живот на корисникот вклучува:

  • помош во чистење на просториите и апаратите во домаќинството, помали поправки,
  • посредување заради поправки на водоводни, електрични и други инсталации, столарија,
  • молерисување и други услуги, помош во ложење печки на дрва и чистење на пепел,
  • вршење на полесни домашни задачи како што се миење садови, местење кревет, менување постелнина и слично;
  • помош во перење, сушење и пеглање облека и одржување обувки и слично;
  • помош при планирање, подготвување, загревање и послужување на соодветни оброци и пијалоци;
  • помош при вршење помали и поголеми набавки на храна, пијалоци, облека, обувки, весници и слично;
  • помош заради надворешна мобилност: помош при движење надвор од домот,
  • користење јавен превоз, превоз со такси-возила и слично;
  • помош при администрирање на лекови во соодветно време и доза, третирање полесни рани и преврски, контрола на витални функции како што се крвен притисок, телесна температура, ниво на шеќер во крвта и слично;
  • помош при користење телефон и други уреди, помош при наоѓање и бирање броеви, јавување на телефон, користење радио, телевизор, компјутер и слично; и
  • помош при управување на буџетот, плаќање сметки, одење во банка и слично.
mk_MK