Од декларативни заложби до вистински родово одговорни локални политики – видео

·

·

❗Потребно е да преминеме од декларативен кон вистински родово одговорен и интерсекциски пристап во локалните политики.

Тоа значи:

✔️ собирање и анализа на родово разделени податоци

✔️ зајакнување на институциите

✔️ вклучување на родовата перспектива во буџетите

✔️ конкретни мерки за жени и девојки во повеќекратни форми на ранливост

Целта е јасна – правичен и еднаков пристап до јавни услуги за сите граѓани во општина Гостивар.

👉Погледнете го краткото видео со клучните наоди од Родовата и интерсекциска анализа на политиките, програмите и услугите во областите, образование, здравство и социјална заштита во општина Гостивар.

Анализата е изработена во рамки на под-грант „Еднакви можности за сите: Локални политики со родова интеграција“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, имплементиран од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, во партнерство со Полио плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), а финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Содржината на анализата е исклучива одговорност на СОЦИО и авторот и под никакви околности не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

▷Watch on Facebook: https://www.facebook.com/reel/26125067720447492



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

en_GB