Одржана јавна дебата за презентирање на наодите од родовата анализа

·

·

На 03.03.2026 година, во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Гостивар успешно се одржа јавна дебата за презентирање на наодите од родовата анализа.

На настанот учествуваа претставници од локалната самоуправа, институции и граѓански организации.

Беа презентирани клучните наоди од спроведената родова анализа, при што учесниците имаа можност активно да дискутираат и да предложат конкретни мерки и препораки за унапредување на родовата еднаквост во Општината.

Проектот ,, Еднакви можности за сите: Локални политики со родова интеграција!” го спроведува Сојуз- Национален совет за родова рамноправност, Полио Плус- Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи. Програмата е финансирана од Делегацијата на Европската Унија во РСМ.



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK