Насилство врз жените – видео

·

·

Насилството врз жените и семејното насилство претставуваат најгруб начин на повреда на човековите права и слободи.

Здружението СОЦИО работи на обезбедување сигурност и заштитата на жртвите на семејно насилство, односно помош за надминување на последиците од доживеаното насилство.

Пријавувањето на насилството е првиот чекор!

За бесплатна психо-социјална и правна помош и поддршка обратете се на следниот телефонски број: 042 366 960

Ова видео е изработено како дел од проектот ,,Понуди можност – спречи насилство врз жената!” на Здружението за обезбедување социјални услуги – ,,СОЦИО”, кој се спроведува во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2- ReLOaD2“, која е финансирана од Европска Унија(ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ,,Понуди можност – спречи насилство врз жената!” е кофинансиран од Општина Гостивар.

▷Watch on Facebook: https://www.facebook.com/100081617740370/videos/991464948918031



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK