На 18 ти ноември Здружението за обезбедување социјални услуги -“СОЦИО”, Гостивар, во рамки на проектот “Младински глас: Борба против врсничкото насилство!” одржа јавна дебата на тема „Улогата на родителите и училишниот кадар во справување со булингот”.
Со јавната дебата се поттикна дискусија помеѓу претставниците од општината, професорите, директорите и родителите за важноста на активно вклучување на сите засегнати страни во процесот на справување со булингот.
Оваа активност е дел од проектот “Младински глас: Борба против врсничкото насилство!”, финансирано од Потрага по заедничка основа од Вашингтон, САД, а го спроведува Центар за заедничка основа.




Напишете коментар