За Нас

Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО е граѓанска организација која поведува  иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките, решавање на општествените предизвици во областа на социјалната заштита. Промовира, информира и реализира активности за унапредување на социјалните услуги во заедницата. СОЦИО работи на социјална кохезија; Идентификување на социјалните проблеми; Обезбедување социјални услуги.

Главна причина поради која се основа Здружението за социјални услуги е недостатокот од сервиси за обезбедување на услугата помош и нега во домот за стари лица на територијата на општина Гостивар. Здружението за обезбедување социјални услуги – СОЦИО во Гостивар беше основано на 26.01.2022, со поддршка на Програмата на УНДП за создавање можности за работа за сите.

Здружението е регистрирано согласно Законот за здруженија и фондации 10.09 – останати општествени организации, фондации и здруженија на граѓани. Приоритетна дејност: 88.99 – Останати дејности од социјалната заштита без сместување, неспомнати на друго место.

Здружението се стекна со Решение, односно Дозвола за вршење дејност во социјалната заштита, издадена од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за обезбедување на услугата – ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ од страна на 3 сертифицирани негуватели и 1 координатор (арх број 10-1612/7 од 25.05.2023).

 Паралелно, СОЦИО работеше на унапредување на капацитетите за работа согласно побарувањата за услугата. На 15.11.2023 од страна на МТСП е добиено Решение за изменување на Решение, за вршење дејност во социјалната заштита за обезбедување на социјалната услуга – ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ од страна на 19 негуватели и 1 координатор (арх. број 10-1612/14). 

Здружението склучи Управен договор со Министерството за труд и социјална политика на 04.08. 2023. Вакви управни договори СОЦИО склучи и во 2024 и 2025 година.

СОЦИО има обезбедено канцелариски простор, кој е во централното градско подрачје, лесен за наоѓање и информирање. Здружението ја има и неопходната опрема за работа: биро, столици, компјутер и печатач. Истовремено, Здружението располага и со соодветна опрема за негувателките, ранци, апарати за мерење притисок, шеќер, топломери итн.

Визија: Унапредена социјална кохезија преку квалитетни и достапни услуги за сите ранливи категории на граѓани за нивен достоинствен живот.

Мисија: Обезбедување директна помош и услуги на ранливите категории на граѓани, подигање на јавната свест за нивните социјални потреби и застапување на нивните интереси пред надлежните институции.

mk_MK