Во периодот од 31 октомври до 2 ноември 2025 година, тимот негувателки на СОЦИО учествуваше во активности за градење на капацитети и тимска кохезија.
Во рамки на престојот во Охрид, негувателките посетуваа обука за разрешување конфликти и ефективна комуникација, со цел унапредување на нивните професионални вештини и меѓусебна соработка.
Покрај едукативниот дел, обуката беше можност за размена на искуства од секојдневната работа, идентификување на предизвиците со кои се соочуваат и заедничко барање решенија за нивно надминување.
Активностите придонесоа за зајакнување на тимскиот дух, меѓусебната поддршка и континуираниот професионален развој на негувателките во рамки на СОЦИО.










Напишете коментар