Одржан Отворен ден во градскиот парк во Гостивар

·

·

Во срцето на Гостивар, во пријатната атмосфера на градскиот парк, се одржа инспиративен „Отворен ден“ посветен на активно стареење и живот во третото доба. Над 100 учесници – пензионери, граѓански организации, даватели на социјални услуги и заинтересирани граѓани – се собраа за да споделат искуства и да се дружат.

Пензионерите споделија инспиративни приказни и совети за здрав и активен живот. Штандовите беа исполнети со рачни изработки, украсни предмети, публикации од гостиварски автори, а попладнето беше збогатено со друштвени игри и многу забава.

Негувателките од СОЦИО се погрижија за здравјето на присутните, мерејќи крвен притисок и шеќер, и ги презентираа своите услуги за грижа во домот.

Настанот беше доказ дека кога има поддршка стареењето може да биде активно и исполнето.

Овој отворен ден е организиран во рамките на проектот ,,Локална иницијатива за подобрување на социјалните услуги за старите лица” кој е спроведуван од Здружение за обезбедување социјални услуги- ,,СОЦИО”, Гостивар во партнерство со Здружение Анисија од Гостивар. Овој проект е субгрант добиен во рамки на ,,ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар- фаза 2” финансиран од Европската Унија.



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK