Одржана обука за работа со жртви на семејно насилство

·

·

На ден 07 и 08 Ноември се одржа обука за работа со жртви на семејно насилство за претставници на новоформираното Советувалиште за жртви на семејно насилство, Центарот за социјална работа, МВР и граѓански организации од Гостивар. Обуката е организирана во рамки на проектот ,,Понуди можност – спречи насилство врз жената” на Здружението за обезбедување социјални услуги – ,,СОЦИО”, Гостивар која се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот ,,Понуди можност – спречи насилство врз жената” е кофинансиран од Општина Гостивар.



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK