Над 80 млади од средните училишта во Гостивар беа дел од работилниците „Стоп Булинг“

·

·

Над 80 млади од средните училишта ОСТУ “ГОСТИВАР”, СОМУ “Гостивар” и СЕОУ “Гостивар” беа дел од работилниците „Стоп Булинг”, кои се одржаа на 21,25 и 29 октомври.

На работилниците учениците се едуцираа за препознавање на врсничкото насилство и за последиците што ги носи!

Дополнително, преку потполнети анкети од нивна страна добивме сознание за случаевите на булинг во трите средни училишта во Гостивар.

Оваа активност е дел од проектот Младински глас: “Борба против врсничкото насилство!”, финансирано од Потрага по заедничка основа од Вашингтон, САД, а го спроведува Центар за заедничка основа.



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK