Здруженијата на пензионери и граѓанските организации во Гостивар ги истакнаа клучните приоритети пред градоначалникот на Општина Гостивар, со цел подобрување на условите за старите лица:
• Отворање Дневен клуб за пензионери со Информативен центар;
• Формирање Совет на стари лица во рамки на општината;
• Подобрување на урбаната инфраструктура прилагодена на потребите на старите лица;
• Финансиска поддршка на здруженијата на пензионери за организирање најмалку една екскурзија годишно;
Градоначалникот информираше за активностите на локалната самоуправа во насока на подобрување на урбаната инфраструктура и покажа подготвеност за поддршка на иницијативите на старите лица.
Ова ќе претставува важен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на пензионерите во нашата општина!
Процесот на дефинирање на приоритетите на старите лица во општина Гостивар, во изминатите месеци беше воден од Здружение за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар во партнерство со Здружението за култура, спорт и образование Анисија од Гостивар, во рамки на проектот „Локална иницијатива за подобрување на социјалните услуги на старите лица”. Овој проект е субгрант добиен во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија.




Напишете коментар