На 29ти и 30ти мај 2025 г. во Маврово се одржа дводневна обука на тема Застапување и лобирање, наменета за возрасни лица и пензионери.
Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на повозрасните лица за активно учество во носење локални одлуки и унапредување на услугите за старите лица.
Проектот „Локална иницијатива за подобрување на социјалните услуги на старите лица” е спроведуван од Здружение за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар во партнерство со Здружението за култура, спорт и образование Анисија од Гостивар. Овој проект е субгрант добиен во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија.










Leave a Reply